Усман го победи Ковингтон, Намахунас пак ја совлада Жанг, Гејџи извојува голема победа (ВИДЕО)

Камару Усман ја одбрани титулата на УФЦ во полусредна категорија по пет исцрпувачки рунди. Нигерискиот борец го победи Колби Ковингтон со едногласна одлука на судиите на настанот УФЦ 268 во Медисон сквер гарден во Њујорк.

Усман на тој начин стигна до својата 20-та победа во кариерата и 14-та во УФЦ со која по петти пат го одбрани шампионскиот појас.

Тоа беше нивната втора борба, пред две години Усман го совлада Ковингтон со прекин во петтата рунда.

Роуз Намахунас го одбрани шампионскиот појас во сламка категорија. Американката ја победи Кинезинката Вејли Жанг во коглавната борба со поделена со одлука на судиите.

Одличната вечер ја отвори борбата во лесна категорија во која Џастин Гејџи со едногласна одлука на судиите го победи Мајкл Чендлер. Гејџи никогаш во кариерата не загубил на поени.

И двајцата веднаш почнаа жестоко со „лоу кикови“. Ударите светкаа од двете страни, а двајцата борци потрошија многу. Џастин направи малку поголем притисок, но Мајкл успешно се одбрани и возврати во контранападот.

И втората рунда продолжи со високо темпо. Во еден момент Гејџи го затресе Чендлер со аперкат и го собори. Се чинеше дека мечот може да биде прекинат, но Мајкл се извлече од тешката ситуација по серијата удари. Гејџи се почесто погодуваше со аперкати. На крајот од рундата и двајцата беа пречекани на нозе.

Во продолжението Џастин продолжи да доминира, а неговите удари погодија на вистинските места. На Чендлер му беше потребен одмор во последната рунда, бидејќи Гејџи стигна до солидна предност во поени.

Имаше неколку атрактивни обиди, дури и го собори противникот, но тоа не беше доволно. Гејџи ја контролираше борбата до крај и стигна до победата.

Голем интерес привлече борбата на Алекс Переира кој го имаше своето деби по доаѓањето од Глори. Бразилецот на почетокот на втората рунда со летечко колено го удри Андреас Михаилидис, а потоа со уште два удари го принуди судијата да ја прекине борбата.

Шејн Бургос со едногласна одлука на судиите го победи Били Кварантило во одлична борба во перо категорија. Нивниот судир ќе остане евидентиран како дуел со најмногу упатени удари во историјата на лесна категорија.

Од првата рунда борците почнаа да разменуваат удари и не се штедеа.

Се чинеше дека се изедначени во бодови по две рунди, но Бургос упати повеќе удари во нозете. Шејн го удри Били во левата нога и за малку не го онеспособи. Бургос направи разлика во поени и ја прекина серијата од два порази.

Ветеранот Френки Едгар го имаше првиот настап по февруари и брутален нокаут со летечко колено против Кори Сандхаген, но повторно загуби. Марлон Вера со „преден ножен удар“ го нокаутира Едгар во третата рунда и стигна до најголемата победа во кариерата.

Главна програма, УФЦ 268:
Камару Усман – Колби Ковингтон – едногласна одлука (48-47, 48-47, 49-46)
Роуз Намахунас – Жанг Вејли – поделена одлука (47–48, 48–47, 49–46)
Марлон Вера – Френки Едгар – КО, Р3 (3:50)
Шејн Бургос – Били Кварантило – едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Џастин Гејџи – Мајкл Чендлер – едногласна одлука (29–28, 29–28, 30–27)

Воведни борби:
Алекс Переира – Андреас Михаилидис – ТКО, Р2 (0:18)
Боби Грин – Ал Јакинта – ТКО, Р1 (2:25)
Крис Кертис – Фил Хоус – ТКО, Р1 (4:27)
Насурдин Имавов – Едмен Шахбазјан – ТКО (лакти), Р2 (4:42)
Јан Гери – Џордан Вилијамс – КО, Р1 (4:59)
Крис Барнет – Џан Виланте – ТКО, Р2 (2:23)
Дастин Џејкоби – Џон Алан – едногласна одлука (29–28, 29–28, 30–27)
Мелсик Багдасаријан – Бруно Соуза – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Ода’Озборн – Си Џеј Вергара – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON