Седум медали за Макпетрол на Кроација опен и добра проверка на формата пред Светското првенство

Викендов во Риека, Хрватска, се одржа Меѓународниот карате турнир „Кроација Опен“ на кој учествуваа и осум кратисти на Макпетрол , кои се и репрезентативци на Македонија притоа освоија вкупно 7 медали – 5 сребрени и 2 бронзени, во сениорска, јуниорска и малди сениори (У-21).

На Кроација опен имаше рекордни 1703 натпреварувачи, од 233 клубови и 21 национална репрезентација.

Макпетрол настапи со комбиниран тим на овој турнир.

„Приоритетно за сениорите беше да ја проверат својата форма непосредно пред настапот на Светското првенство кое треба да се одржи во првата недела на ноември во Дубаи, ОАЕ, а за јуниорите проверка пред Европското првенство во февруари“, вели тренерот Бошко Заборски.

За Макпетрол во Риека настапија:

Петар Заборски – опен категорија сениор и тренер на екипата – бронзен медал

Петар Спасеновски – опен категорија сениори, – сребрен медал

Роберто Ацковски  -67 кг, сребрен медал

Мојсовска Ангела – сениорка -68 кг, сребрен медал

Викторија Јовановска – сениорка, -68 кг

Витомир Трајковски – јуниор, -76 кг

Стефан Стојановиќ –  јуниор, -76 кг сребрен медал јуниори и  сребрен медал за У21

Глигор Петков (Макептрол, -84 кг) ќе жали, бидејќи имаше добар настап, но во клучните борби и за финалето и за бронзата ги загуби на изјаснување, кои завршија 0-0 во регуларниот дел.

Сениорката Викторија Јовановска имаше забележителен настап со три последователни победи. Таа во клучните борби беше поразена, најнапред за влез во финалето се сретна со Ана Ленард, најдобрата хрватска каратистка која е европски првак, а потоа беше поразена и во репасажот за бронзениот медал.

Во помладите возрасни категории европскиот првак Стефан Стојановиќ го освои сребрениот медал во категоријата над 84 килограми во У-21 откако во финалето зауби од Словакот Томаш Коса, додека пак Глигор Петков (-84кг) се закити со бронзата во истата конкуренција.

Второто финале за нашиот актуелен европски првак Стефан Стојановиќ (+76) го оствари во финалето кај јуниорите и се бореше со Макс Фајербах од Хрватска загуби со резултат 2-3.

„Овој турнир е сигурно најмасовен и најквалитетен интернационален турнир. Тоа што се одржува непосредно пред почетокот на Светското сениорско првенство кое треба да се одржи во Дубаи, затоа повеќе држави дојдоа со своите сениори и направија извонредна контрола на моменталната форма, тоа го направивме и ние. Како клуб со нашите репрезентативци освоивме вкупно седум медали и поради тоа сме многу задоволни. Имавме дури пет финалиња со по четири последователно добиени борби од страна на нашите спортисти. Сениорските репрезентативци: Петар Заборски, Петар Спасеновски и Ангела Мојсовска покажаа добра форма и голема борбеност. Сакам да истакнам и тоа дека нашиот актуелен европски јуниорски првак на овој турнир направи вкупно 10 борби. Учествуваше во две финалиња и кај јуниорите, но ние го пријавивме и во (У21) постари јуниори, бидејќи тој во февруари полни 18 години. Стефан Стојановиќ го потврди својот голем квалитет и освои два сребрени медали на овој силен турнир“,изјави тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски.

Резултати
Сениори

-61 кг
Викторија Јовановска (Макпетрол) – Марија Мурковиќ (Хрватска) 3-1
Викторија Јовановска (Макпетрол) – Луција Батаија (Хрватска) 3-0
Викторија Јовановска (Макпетрол) – Жужана Шулаи (Унгарија) 3-1
Викторија Јовановска (Макпетрол) – Ана Ленард (Хрватска) 2-3
За бронза
Викторија Јовановска (Макпетрол) – Тамара Живковиќ (Србија) 0-3

-68 кг
Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Деси Рубини (Италија) 8-2
Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Ивана Галиќ (Хрватска) 0-1

Отворена/ апсолутна категорија
Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Паулин Бонжур (Швајцарија)
Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Луција Борот (Швајцарија) 3-0
Финале
Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Ана Хирт (Швајцарија) 4-5

-67 кг
Роберто Ацковски (Макпетрол) – Давид Гахан (Италија) 1-0
Роберто Ацковски (Макпетрол) – Васил Ривов (Бугарија) 5-0
Роберто Ацковски (Макпетрол) – Боран Берак (Србија) 0-1
За бронза
Роберто Ацковски (Макпетрол) – Ром Гаиги (Унгарија) 2-0

-75 кг
Петар Заборски (Макпетрол) – Шалев Гајги (Израел) 1-1

-84 кг
Глигор Петков (Макпетрол) – Зденк Ванка (Словачка) 0-8
Глигор Петков (Макпетрол) – Ерман Садиковиќ (Австрија) 5-0
Глигор Петков (Макпетрол) –  Александар Калабиќ (Хрватска) 1-0
Глигор Петков (Макпетрол) – Тибор Хидаси (Унгарија) 0-0
За бронза
Глигор Петков (Макпетрол) – Анте Мрвичиќ (Хрватска) 0-0

Петар Спасеновски (Макпетрол) – Емил Садиковиќ (Австрија) 0-0
Петар Спасеновски (Макпетрол) – Иван Квесиќ (Хрватска) 0-0

Отворена/ апсолутна категорија
Петар Заборски (Макпетрол) – Јан Брезочник (Словенија) 1-4

Петар Спасеновски (Макпетрол) – Кеану Сатин (Швајцарија) победа
Финале
Петар Спасеновски (Макпетрол) – Јан Брезочник (Словенија) победа на Словенецот

За бронза
Петар Заборски (Макпетрол) –Арбен Пјетрај (Швацарија) победа на Заборски

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON