Владимир Путин му ја честиташе 5-тата светска титула на Садулаев

Владимир Путин му го честиташе успехот на Абдулрашид Садулаев, кој пред неколку дена ја освои 5 -тата светска титула во Осло. 25-годишниот Дагестанец го победи американскиот ривал Кајл Снајдер.

Абдулрашид го победи со 6-0 и со тоа веќе има 3 победи на 4 средби со Снајдер. Во почетокот на август Садулаев го победи Снајдер во финалето на Олимпијадата во Токио и го освои златото.

Аварскиот тенк веќе е петкратен светски шампион, 4-кратен европски шампион и 2-кратен олимписки шампион. Рускиот претседател испрати специјална телеграма за да му честита на Садулаев.

„Почитуван Абдулрашид Булачевич! Вие со право се сметате за искусен, истакнат спортист, достоен претставник на националната школа за борење.

На натпреварите на највисоко ниво, Олимписките игри во Токио и Рио де Жанеиро, вие секогаш ја демонстриравте својата борбеност, победувавте силни и добро подготвени противници и повторно го освоивте заслуженото „злато“ на ова првенство.

Продолжи така! Ви посакувам здравје и се најдобро“, напиша Путин.

Садулаев има скор143-3 во борбење и е во серија од 8 последователни победи. Тој победи на 60 од неговите последни 61 натпревар на душекот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО