„9 Мај“ – прв женски турнир во борење во Македонија

Menka so straso i ljupco

Утре во Скопје ќе се одржи првиот Меѓународен турнир во женско борење слободен стил „9 Мај“ по повод денот на победата над фашизмот и денот на Европа 9 Мај.

Како што велат од БК Безбедност, основни цели на турнирот се развој и унапредување на социјалната кохезија меѓу младите; воспитување и водење на младите како основна алтернатива во борба против пороците и несаканите појави; промоција на социјалните, етичките и моралните вредности; популаризација и развој на физичката култура и спортот, како глобален светски социолошки феномен; промовирање на другите позитивни феномени кои се под влијание на физичката култура и спортот.

Ќе се одржат натпревари во борење слободен стил за кадети, пионери и деца, како и презентација на некои боречки техники и спортски елементи.

Турнирот ќе се одржи во ОУ Братство во Тафталиџе 2, со почеток во 11:30 часот.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО