Сеишин со 17 медали за помлади пионери и кадети на Државните џудо првенства (ФОТОТ

Џудо клубот Сеишин двете Државни првенства во џудо за помлади пионери и кадети, на кои беше и организатор, со 22 натпреварувачи (13 кадети  и 9 пионери) освои вкупно 17 медали – 3 златни, 9 сребрени и 5 бронзени.

На првенствата учествуваа 14 клубови со околу 150 натпреварувачи.

Медалите ги освоија:
Помлади пионери:

  • Борис Џагадуроски 1 место
  • Благојче Мантароски 1 место
  • Ангел Талески 2 место
  • Дарио Нанески 2 место
  • Бојан Ѓорески 3 место

Помлади пионерки:

  • Тамара Илиоска 2 место
  • Теодора Илиоска 3 место

Кадетки :

  • Мартина Јанкоска 2 место
  • Ема Димитриоска 2 место
  • Магдалена Најдоска 2 место
  • Кристина Мантароска 2 место
  • Елеонора Илиоска 2 место
  • Теа Настоска 2 место
  • Теона Настоска 3 место

Кадети:

  • Давор Карески 1 место
  • Сеадин Ристемоски 3 место
  • Никола Магдески 3 место

„Добри борби покажаа и Матеј Мицкоски, Марко Василески  кај помладите пионери, како и Дарко Мирчески, Михаил Димоски и Борис Џагадуроски кај кадетите, но не успеаја да изборат место на пиедесталот“, вели тренерот Дејан Мицкоски и додава:

„Продолжуваме  утре со настап на Државните првенства за јуниори и ветерани“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО