Ипон со 6 златни медали најдобар во машка и женска конкуренција за сениори на ДП џудо

Џудо клубот Ипон со шест златни медали е најдобар во машка и женска сениорска конкуренција на Државното првенство во Македонија.

Инаку, вчера се одржаа Државни првенства за сениори и пионери, а Ипон настапи на овие две државни првенства и ги постигна селдните резултати.

Сениори:

–          60кг. Фисни Фејзилау – 3 место

–          66кг. Резарт Хусени – 1 место

–          66кг. Ердит Османи – 9 место

–          81кг. Еди Шерифовски – 1 место

–          81кг. Ангел Ангелов – 5 место

–          90кг Артан Рушити – 1 место

–          +100 кг. Омер Сулејмани – 3 место

Сениорки:

–          52кг. Арбреша Реџепи – 1 место

–          57кг. Берна Шерифовска – 1 место

–          63кг. Елена Попоска –  3 место

–          70кг. Румејса Фејзула – 1 место

–          +78кг. Катерина Ацевска – 3 место

„Нашите спортиски во сениорска конкуренција освоија 6 златни медали и се без конкуренција најдобри во Македонија со најмногу златни медали. Овие наши сениори се селектирани долги години и нашио клуб од нив очекува врвни резултати на европска и светска сцена“, вели тренерот Горан Мицкоски.

Пионери:

–          38кг. Исени Лавдрим – 3 место

–          50кг. Зекири Ерди – 2 место

–          50кг. Блерим Салиу – 3 место

–          55кг. Енер Зекири – 2 место

Пионерки:

–          48кг. Стефани Мицкоска – 3 место

„Младите пионери кои настапија покажаа одлични борби и докажаа дека иднинта на нашиот клуб е светла, голем дел од пионерите не настапија поради долгата пауза поради пандемијата“, истакна Мицкоски и додаде:

„На нашите спортисти им посакуваме многу успех и во иднина“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО