„8 Септември“ за остварувања во спортот за Ејупи, Маринков и Ѓатовски (ФОТО)

8-septemvri-dobitnici-2016

Денеска беа доделени наградите „8 Септември“, при што Андон Дончевски ја доби наградата за животно дело, а тројца борачи Фоти Ѓатовски, Агим Ејупи и Добре Маринков за остварување во областа на спортот за 2016 година.

nagrada-8-septemvri-615x367

Наградите им беа доделени на свеченоста во Собранието на Македонија во организација на Агенцијата за млади и спорт.

nagrdaenite-za-8-septemvri-bez

Награда за остварување во областа на спортот за 2016 година беше доделена по пети пат.

spaseski-i-veljanoski-8-septemvri-2016

„Ова е круна на мојата спортска кариера. Државната награда е сон на секој спорист да ја добие“, изјави за Ipon.mk, Агим Ејупи.

agim-ejupi-8-septemvri-2016

 Агим Ејупи е роден на борење  на 1 мај 1967 година во Скопје. Во боречкиот спорт е од својата 10-та година. Учесник е на голем број натпреварувања, притоа освои бронзен медал на ЕП 1986 година, златен во конкуренција на мали земји во Ла Валета, Малта, и е повеќекратен балкански медалист и трипати победник на Македонскиот бисер.

Тој му спарингуваше на олимпискиот шампион Шабан Трстена во подготовките за ОИ во Лос Анџелес. Како тренер во репрезентацијата на Македонија за младите селекции има освоено повеќе медали на Балканијадите, а во 2000 година беше во стручниот штаб кој го водеше Љуљзим Вренези до 4 место на ЕП во Будимпешта.      

„За мене лично ова е Нобелова награда во спортот“, рече Добре Маринков.

dobre-marinkovski-8-septemvri-2016

Добре Маринков е роден на 15 септември 1945година во с. Мождивњак, Крива Паланка.

Неговата кариера започнува во БК Балканец – Штип во 1961 година. Со Балканец учествува на врвни меѓународни турнири како: Олимписки надежи-Полска, каде што освојува златен медал за борачи до 21 год., потоа на престижниот турнир Дан Колов-Бугарија – 3-то место, Средба на солидарноста во Скопје 3-то место. Учествува на Европскиот шампионат во Германија 1966 г. Каде што го освои 6 место, следната година е медитерански вицешампион во Тунис, кога е прогласен за спортист на Македонија. Неговата стручна работа како тренер зпочнува 1976 година, како член на стручниот штаб во боречката репрезентација. Подоцна е и истакнат судија и делегат.

„Како сатисфакција за ова признание на мојот вложен труд и знаење, но и белегот на повеќе генерации на тренери, преку воспоставување на темелите на модерното борење во слободен стил во Македонија, сакам преку квалитативен подем и постигнати меѓународни резултати, македонското борење да стане препознатливо во Европа и Светот“, истакна Фоти Ѓатовски.

foti-gjatovski-8-septemvri-2016

 Фоти Ѓатовски е роден на 15 октомври 1943 година во село Езерец-Костур, Грција.

Се занимава со борење уште од 1961 година и станал младински првак на поранешна СФРЈ, како и сениорски вицешампион. Покрај спортската кариера како борач, продолжува со својата едукација во борењето и тренерската кариера ја почнува 1966 во Загреб. Од 1973 до 1986 е постојано во тренерскиот тим на сениорската селекција. Во периодот на најголемите успеси на македонското борење, кога се освоени олимписки, светски и европски трофеи, работи со Шабан Трстена, Шабан Сејди и другите наши врвни натпреварувачи. По својата плодна и успешна работа во македонското борење, од 1987 до 1989 година е ангажиран како тренер во Швајцарија.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО