Френсис Нгану верува дека ќе ја освои титулата во тешка категорија на неговиот следен меч.
За една недела „Предаторот“ ќе го дознае името на ривалот. Шампионот во тешка категорија Стипе Миочиќ ќе ја брани титулата против поранешниот шампион Даниел Кормиер. Ако победи Миочиќ, тогаш ќе видиме реванш меѓу него и Нгану. Ако победи Кормиер, тој ќе ја ослободи титулата, затоа што ќе се повлече од ММА. Така, Нгану сигурно ќе се бори против Миочиќ, кој би можел да добие нова шанса за титулата, доколку ја изгуби од Кормиер.
Стипе и Нгану се бореа пред две години, а во битката Миочиќ доминираше и го одбрани златото со одлука на судиите. Френсис е во серија од 4 последователни победи со нокаут во првата рунда и верува дека израснал по првата шанса за титулата. На социјалните мрежи 33-годишниот Камерунец изјави дека во следната борба ќе биде шампион.
„Следниот пат кога мојата рака ќе се крене во кафезот, ќе биде завиткана околу половината со појас“, напиша Нгану.
https://www.instagram.com/p/CDowExznJN4/?utm_source=ig_embed