Кевин МекБрајд во 2005 година го прати во пензија легендарниот Мајк Тајсон.
Ирскиот боксер го совлада Тајсон на 11 јуни 2005 година со прекин во шестата рунда и со тоа ја заврши кариерата на најмладиот светски шампион во историјата на тешка категорија.
МекБрајд од друга страна ја заврши кариерата шест години подоцна. Тој не заработи премногу пари од боксот, па мораше да се сврти кон други извори на приход.
Денес, тој живее во САД и работи како дрвосечач, но ужива во Бостон со сопругата и двете деца.
“Јас работам како дрвосечач. Сечам дрвја, расчистувам снег и слично. Моја работа е да ги соберам работите и да ги тргнам. Апсолутно сум среќен во таа работа”, изјави поранешниот боксер за Дејли меил и се сеќава на натпреварот против славниот Тајсон.
„Кога и да го спомнат, зборуваат за момчето што го победи. Ми се допаѓа. Нашиот меч не го гледам често, но неодамна го гледав видеото на Фејсбук. Соништата се остваруваат, зарем не?”, вели МекБрајд.
Иако не заработи премногу пари МекБрајд тврди дека е големо нешто што бил во рингот со таков боксер.
„Најголемото е само да се биде во рингот со Тајсон, а камо ли да го победам. Знаев дека не е вистинскиот Мајк, затоа го победив. Се сеќавам кога ме удри во шестата рунда. Беше толку јако што ги чувствував џуџињата како удариаат на тапаните во мојата глава. Го прашав дали е тоа сè што можеш да направиш. Ми ја зграпчи раката и се обиде да ми ја скрши“, вели МекБрајд.
Тајсон уште еднаш имаше обид за гризање.
„Почувствував нешто по тие провокации. Тој се обиде да ми ја гризне брадавицата и да му се заблагодарам на Бога што имаше заштитна гума за заби, затоа што денес ќе бев Ирец со една брадавица”.
Ирецот ја заврши професионалната кариера со скор од 35 победи, 10 порази и едно реми. Повеќето од поразите дојдоа во самиот крај на неговата кариера.