Кормиер: Мек Грегор – Силва е поголем меч од Џонс – Нгану

Даниел Кормиер гори од љубопитност да го види Конор Мек Грегор против Андерсон Силва.

Силва неодамна го предизвика Мек Грегор на социјалните медиуми и Ирецот брзо го прифати предизвикот.

Кормиер смета дека овој меч има голема смисла, затоа што во моментот нема друг логичен противник за „Озлогласениот“.

https://www.instagram.com/p/CAxumJGJkti/?utm_source=ig_embed

„Ако немаше никој друг да се бори против Мек Грегор, да … Јас би ја гледал оваа битка. И со голем интерес. Штом сите други во категоријата се зафатени.

Работата е таква што луѓето си измислуваат некакви проблеми. На пример, за Конор против Хабиб – Конор не заслужува борба за титула, треба да се бори против Џnастин Гејџи. Добро, но пак не треба да се борите со Џастин, затоа што Џастин заслужува борбата за титула. Така што тој нема место во лесна категорија.

Добре, значи и тоа отпаѓа. Што е со Дијаз? О, не, веќе не сме заинтересирани за меч со Дијаз. Нека се бори против Андерсон Силва. Што е важно.

Секој има проблем со сè и така никогаш нема да имаме значаен меч. Јас 100 отсто ќе ја гледам средбата со Силва. Ќе биде голем двобој“.

И додека љубителите на спортот сè уште се двоумат за тоа како да ја прифатат оваа битка, Кормиер верува дека тоа е еден од најголемите настани што УФЦ може да ги направи во моментов. Поголем и од Џон Џонс против Френсис Нгану

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО