Вајт ветува историски спектакл со Хабиб и Тони по поминувањето на коронавирусот

Сите професионални спортови во САД се во прекин поради коронавирусот, но претседателот на УФЦ Дана Вајт верува дека УФЦ спектаклот кој е закажан за 18 април сепак ќе се одржи. Не е сигурно кој град ќе биде домаќин на најдобрите борци во светот, но се знае дека ќе биде без публика, иако има две опции Дубаи и американски град.

Главната борба на УФЦ 249 треба да биде меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон.

„Сакаме да направиме приредба со најдобрите борби во историјата. Нешто ќе успееме, нешто не. Работиме на се“, изјави Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON