Бокс мечот мечот меѓу Поветкин и Вајт на 2 мај не се откажува заради коронавирусот

Борбата меѓу рускиот боксер Александар Поветкин и Британецот Дилиен Вајт засега нема да биде одложена или презакажна, заради коронавирусот, соопштија организаторите.

„Во моментов мечот останува во сила и не коментирано неговото поместување за подоцнежен датум“, рече човек упатен во боксот за новинската агенција ТАСС.

Програмата е предвидена да се одржи на 2 мај во Манчестер. Победникот на мечот ќе стане предизвикувач за титулата на Светскиот боксер совет (ВБЦ) во тешка категорија.

Во моментот и двата табори се подготвуваат за средбата, а експанзијата на коронавирусот сè уште не е земена во предвид за откажување на овој бокс меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО