Дерик Џеферсон е во кома, го кутна коронавирусот (ФОТО/ВИДЕО)

Поранешниот американски боксер, Дерик Џеферсон (52) е во кома, откако беше констатирано дека е заразен со коронавирус, пренесуваат американските медиуми.

Информацијата за болеста на боксерот ја потврди и неговиот син Џебри Џеферсон.

„Првиот тест на коронавирус беше негативен. Мислевме дека е некој грип, но на вториот тест се покажа дека е позитивен на Ковид-19. Сега е во кома“, истакна синот на Дирик.

Џебри додаде дека неговиот татко се рехабилитира, и воедно се надева дека нема да има некакви компликации во наредниот период.

Џеферсон во својата кариера има 28 победи, од коиу 21 со нокау. Во 2001 година ги одмери силите со Украинецот Владимир Кличко за титулата светски шампион, при што загуби, забележувајќи го третиот пораз во кариерата.

https://twitter.com/RichDDiggs/status/1242660776915197953?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1242660776915197953&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fbozhem-mali%2Fboks%2Fufc-shampionot-dzhons-e-priveden-poradi-alkohol-i-oruzhje

https://www.youtube.com/watch?v=GNC8_KINyRg&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО