Сол Алварез (53-1-2, 36 КО) ја освои титулата светски шампион во четврта тежинска категорија.
29-годишниот Мексиканец во Лас Вегас го нокаутира во 11-тата рунда во речиси изедначен меч до тој момент шампионот на ВБО до 79,4 килограми Сергеј Ковалев (34-4-1, 29 КО) и по полусредна, средна и суперсредна ја освои титулата и во полутешка категорија.
Канело во моментов ги држи титулите во три тежински категории – ВБА и ВБЦ во средна категорија, ВБА „регуларен“ во суперсредна категорија и ВБО во полутешка.
36-годишниот Русин на почетокот го држеше противникот на дистанца. Во третата рунда, Алварез почна да погаѓа со крошеа, а иако Ковалев го контролираше најголемиот дел од четвртата рунда сепак успеа да го нападне со силни удари во телото.
Канело ја зазеде средната на рингот и почна да се приближува и се повеќе и повеќе да погаѓа, но токму „Крушер“ беше подобар во завршницата на петата рунда благодарение на ударите во телото.
Шестата беше најдобрата рунда на Канело дотогаш и ударите во тело почнаа да даваат резултати. Ковалев се одлучи во мечот да задава брзи удари, ное толку силни, за да го намали ризикот.
Откако седмата рунда отиде на страната на Мексиканецот, Ковалев повторно стана агресор во осмата, додека Канело чекаше можност од контра.
Иако видливо почнува да се заморува, Ковалев е малку поконкретен во деветата рунда во која испука неколку добри комбинации.
На Канело му припадна почетокот на 10-тата рунда кога погоди со силен десен директ, како и нејзината завршница. Во претпоследната, 11-тата Мексиканецот прво го здрма, а потоа со две крошеа го нокаутира Ковалев и ја освои титулата светски шампион во полутешка категорија.
Ковалев беше повисок 10 сантиметри и имаше 5 сантиметри поголем опсег на рацете од Мексиканецот.