Бојан Костов освои бронза на Светското карате првенство во Чиле

Бојан Костов се закити со бронзен медал во кадетска конкуренција на Светското првенство во карате за кадети, јуниори и младинци, кое се одржува во Сантијаго во Чиле.

Костов до одличјето дојде до пласманот во полуфиналето во својата категорија за каратисти до 52 килограми во кое загуби, и преку репасажот се избори за бронзата. Во клучната борба за медал, Костов беше подобар од Русинот Ахмед Ахмедов.

Резултати

Бојан Костов – Ерхан Торнаци (Романија) 5-0

Бојан Костов – Михајло Марковиќ (Србија) 1-0

Бојан Костов – Надир Ќазини (Мароко) 1-0

Бојан Костов – Риски Ромадони (Индонезија) 1-1

Полуфинале

Бојан Костов – Саед ал Најар (Јордан) 0-0

За бронза

Бојан Костов – Ахмед Ахмедов (Русија) 2-4(дискв.)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО