Новата данска ММА ѕвезда Марк Мадсен откри дека се борел со шампионот на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов. Спарингот беше пред борбата на Русинот со Дастин Пориер – Дијамант.
Мадсен е еден од најистакнатите борачи во октагонот. Тој е олимписки вицешампион од Рио де Жанеиро во грчко-римски стил и има многу други одличја.
„Мојот тренер е пријател со менаџерот на Нурмагомедов, Али Абдел Азис“, рече Мадсен и додаде:
„Али веднаш ме извести и ми предложи да се борам со двјаца борци. Не им ги кажа имињата. Се согласив. Кога отидов, ги видов Хабиб и Ислам Махачев. Без сомнение, Хабиб е најдобриот борец во лесна категорија. Успеа да о прилагоди борењето во ММА. Има застрашувачки резултати. Тој е добар и сромен човек“.