6.коло: Пелистер патува во Куманово во комплетен состав, Баргала не попушта пред Ас

Утре во Куманово ќе се одржи одржи шестото коло на Првата и Младинска бокс лига.

Борбите се закажани за 15 часот во Спорската сала во Куманово, а претходно од 9:30 до 10:30 часот во ресторанот Грација ќе се одржи мерењето.

Според најавите од БК Пелистер, тие во Куманово патуваат во комплтен состав и цврсто се решени да ја освојат титулата во Првата лига која ќе биде историска за клубот со богата традиција од времето на поранешна Југославија. Битолскиот клуб има 14 бода предност пред второпласираната екипа на Тренипе и 15 повеќе од Алексо Огненовски.

Во Младинската лига разликата меѓу водечката Баргала и вториот Ас е 12 бода. Баргала се труди да го надполни испуштеното од минатата година, а Ас да докаже дека има подмладок достоен за почит и изненадување.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО