Генадиј Головкин ќе има шанса да си ја врати титулата светски шампион во дуелот против Сергеј Деревјанченко.
Разговорите помеѓу Деревјанченко и шампионот на ИБФ во средна категорија, Канело Алварез, пропаднаа, по што организацијата одлучи да му ја одеземе титулата на Мексиканецот.
Головкин сега почна преговори за шампионска ботба, која најверојатно ќе се одржи на 5 октомври.
Во меѓувреме, менаџерот на Канело, Оскар де ла Хоја, ја критикуваше одлуката на ИБФ и ја прогласи за „навреда во боксот“.
„Јас сум крајно разочаран од ИБФ затоа што со присила го натераа најдобриот боксер во светот да се ослободи од шампионска позиција“.
Деревјанченко е меѓу најдобрите боксери на Украина, неговата статистика е 13-1, а 10 од неговите победи се со нокаут.
Колку и да е импресивно, неговата статистика е бледа во споредба со онаа на казахстанскиот боксер, кој има 41 борба со 39 победи, а 35 од нив се со нокаут.