Жан Паскал (34-6-1-1НЦ, 20 КО) приреди големо изненадување и го совлада Маркус Браун (23-1, 16 КО).
Браун (28) пред своите навивачи во Берклис центарот во Њујорк ја одбрани привремен шампион на ВБА во полутешка категорија.
36-годишниот Хаитец го победи со техничка одлука по прекинот во осмата рунда. До прекинот Паскал три пати го собори Американецот.
Поранешниот светски шампион прв пат Браун го испрати на подот во четвртата рунда. Го рушеше уште два пати во седмата рунда, а на броењато и претходеше сериозен судир со главите.
Судијата ја прекиина борбата по лекарската интервенција во осмата рунда и се одеше на техничка одлука.
Сите тројца судии мечот го бодуваа исто – 75-74 за Паскал.
Покрај привремената титула на ВБА, Паскал го освои и сребрениот појас на ВБЦ.
Ова беше прв официјален пораз на Браун.