Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) го одржа редовното годишно Собрание во хотелот „Вип“ во Скопје, при што на денвен ред се најдоа финасискиот извештај за работата на ФБСМ во 2014 година; усвојување на програмата за работа во 2015 гоидна; усвојување на натпревавувачкиот календар, но и избор на нов член во Управниот одбор, како и други точки.
Собранието ги усвои извештајот и календарот за натпреварување. Како приоритети за оваа година се истакнати Европските игри во Баку, Азербејџан, и Светското првенство, каде што треба да се бркаат норми за Олимписките игри во Рио 2016 година.
Претседателот на ФБСМ, Чедо Николовски, се произнесе во однос на финансиската состојба за минатата година до тековново Собрание, како и за натпреварувачката година. Беше нагласено дека поголем дел од долговите се расчистени, како и оној кон судиите, кои во еден момент ги бојкотираа домашните првенства. Беше заклучено етапно да се решаваат проблемите во корист на борењето.
Марјан Лазаров, како претсавник на судиите, вели дека несериозниот однос кон судиите ја влошило сликата за борењето, затоа со исплаќањето на дел од долговите кон нив ќе придонесе за целокупен развој на овој спорт, но и наша застапеност на боречката сцена во Европа и Светот. Од тие причини судиите прифатија еден дел од долгот етапно да се решава, но под итно да се реши проблемот со маркиците кои и овозможуваат на нашите судии да судат на меѓународната сцена, како сега на големиот турнир во Бугарија „Дан Колов“.
За нов член на Управниот одбор е избран познатиот новинар во пензија, Зоран Михајлов, кој треб да се грижи околу рекламирањето и спонзорставата во ФСБМ.
ipon.mk/В. Д.