Миочиќ: Голема е честа да се борам протв Хант, но ќе мора да го победам!

stipe_miocic_fb

Се загрева … полека се загрева атмосферата за големата пресметка меѓу Стипе Миочиќ и Марк Хант закажана за 10 мај во Аделаида, Австралија. Иако еден со друг исклучително се почитуваат, Миочиќ и Хант и најавуваат победи и не двоумат да кажат дека ќе го претепаат противникот таа ноќ во октагонот.

Во големото интервју што го имаше деновиве Хант, во кое најави дека во Аделаида оди „да го насамари Стипе“. Стипе во четвртокот на својот официјален ФБ профил, исто така објави победа.

„Марк Хант беше и во К-1 и во Прајд, се бореше со најдобрите од најдобрите. Голема е честа да се борам со него, но јас ќе треба да го претепам. Сликата зборува се“, напиша Миочиќ и приложи фотографија на која прославува победа во октагонот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО