Човекот кој се обиде да го ограби пабот на поранешниот светски шампион во две категории на УФЦ Конор Мек Грегор во Даблин е затворен. Џејсон Пеџет (35) беше осуден на четири и пол години затвор за време на неговото судење минатиот четврток во Окружниот суд во Даблин.
Пеџет е еден од двајцата обвинети во случајот. На другиот, Чарлс Дарси, ќе му се суди во подоцнежна фаза, бидејќи извештајот од неговиот психолошки преглед се уште не е готов.
Злосторството е извршено на 12 август 2021 година. Двајцата успеале да побегнат од местото на настанот во обид да ја подигнат касата, иако биле забележани од патролната служба од Националната полициска служба на Ирска. Кратко време подоцна органите на редот го пронашле Дарси како се крие во грмушка, а Пеџет бил фатен во близина на пабот половина час подоцна.
Пеџет има 15 претходни пресуди, вклучувајќи и тежок сексуален напад.