Опсегот на платите во третата најквалитетна светска промоција во ММА, WSOF, на нивниот 19-ти настан, што се одржа минатиот викенд, се движи од 750 до 60.000 долари. Сепак, повеќето борци биле платени помеѓу 1.000 и 2.000 долари, додека тие во главниот дел на програмата добиле и повеќе.
Па така, најдобро помина актуелниот шампион, кој успешно ја одбрани шампионскиот појас во лесна категорија. Џастин Гаетје заработи пригодни 60.000 долари, додека неговиот противник предизвикувачот Луис Паломино заработи „само“ 11.000 долари.
Тиаго Силва, поранешниот припадник на УФЦ за своето деби заработи 20.000 долари.
Треба да се нагласи дека тоа се суми пред оданочување и за борците по намирувањето на даноците кон државата и платќањето на разни такси ќе им останат околу 65 проценти вкупната цифра. Лесно е да се заклучи дека УФЦ се уште најдобро плаќа и покрај многуте критики.
WSOF хонорари:
Џастин Гаетје ($30,000 + $30,000 = $60,000) – Луис Паломино ($11,000)
Теди Холдер ($10,000 + $10,000 = $20,000) – Тиаго Силва ($20,000)
Тимур Валиев ($9,000 + $9,000 = $18,000) – Ед Вест ($2,500)
Клифорд Старкс ($6,000 + $6,000 = $12,000) – Јејк Хеун ($6,000)
Уводни борби:
Џими Спикуза ($2,000 + $2,000 = $4,000) – Бени Мадрид ($1,250)
Џо Гиглиоти ($1,000 + $1,000 = $2,000) – Брендан Тирнеј ($1,500)
Андрес Понсе ($1,500 + $1,500 = $3,000) – Хуан Арчулета ($750)
Ден Хубер ($1,000 + $1,000 = $2,000) – Израел Аквино ($750)
Метју Фринку ($750 + $750 = $1,500) – Ерик Реган ($750)
Ерик Вилалобос ($1,000 + $1,000 = $2,000) – Џо Мадрид ($1,000)