Бојан Величковиќ (16-7-1) е поразен во вториот настап за Професионалната фајтерс лига (ПФЛ).
Откако во почетокот на јуни го нокутира Џонатан Вестин, српскиот велтераш е поразен во Атлантик Сити со едногласна одлукана судиите од Магомед Магомедкеримов (20-5).
Во главната борба на вечерта, Реј Купер III (15-4), кој пред еден месец и половина го нокаутира Џејк Шилдс, за само 18 секунди го смете Украинецот Павел Куш (23-6).
Џејк Шилдс (33-10-1-1) со одлука на судиите беше подобар од Херман Терад (15-5-1), додека Рик Стори (21-9) со давење од позади во втората рунда славеше против претходно непоразениот Карлтон Минус (9-1-1НЦ).
Двократната олимписка победничка во џудо Кајла Харисон (2- 0) во својот втор ММА настап со технички нокаут во третата рунда ја победи Џозет Котон (8-2).
Борбата Величковиќ-Магомедеримимов започнува во 5:00.
https://www.facebook.com/PFLmmaLive/videos/2160322410661938/