4 први места за македонските пеливани во Кичево, денес во Косово без Дејан Митров

Pelivani Kicevo ili kOsovo

Со денешниот турнир завршува пеливанската серија од три натпреварувња со борачи од Македонија, Албанија, Бугарија, Турција и Косово во нашата земја и Косово.

Најпрво се одржа турнрот во Кичево на 30 јули, наредниот ден во Манастирица (Косово) и денешниот во Горно Лубиње (Косово ).

Љубителите на на овој традиционален спорт – пеливанството имаа прилика да ги видаат најдобрите пеливани на Балканот, а присутни се доста познати имиња на зелениот терен, европски и светски медалисти,.турски „башови“, секако и наште пеливани, кои доста цврсти и жилаво се бореа со многу посилни противници.

На првиот турнир во Кичево нашите пеливани освоија четири први места, додека на вториот во Манастирица – Косово, за прв пат бугарските преставници освоија најмногу први места.

„Останува да видиме како ќе биде на третиот турнир во Горно Лубиње –Косово, каде се најавени неколку реванш борби, што ќе биде доста интересно, вистинска атракција за симпатизизерите од пеливанскиот спорт. Секако да најавиме дека присутни ќе бидаат и овај пат нашите најдобри пеливани во сите тежински категории, како Фати Вејсели, Бехар Махмути, Мики Тодоров оБислим Муртезани, но и нашите најдобри башови Рамазан Бакија и Бобан Донев. Голем хендикеп за љубителите на пеливанството е што нема да учествува нашиот најатрактивен натпреварувач, Дејан Митров, поради повреда“, велат од Пеливанската федерација на Македонија.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО