Џудо клубот Пролетер изминатиов викенд на 33. Меѓународен џдуо куп „Кикинда 2016“ освои четири медали, еден златен и три бронзени.
Младата и перспективна пионерка Теодора Димеска се закити со златен медал, додека Давид Спиркоски, Марко Кироваков и Мартин Петрески воодушевија со повеќе победи, но спортската среќа не беше на нивна страна и освоија само бронзени медали во нивните категории.
„Пролетер на овај контролен натпревар настапи со 9 натпреварувачи, при што останатите имаа можност да учествуваат на Меѓународниот тренинг камп што го реализираше домаќинот ЏК Партизан –Кикинда. Нашите млади џудисти имаа прилика да се дружат и да напредуваат со натпреварувачи од Романија, Бугарија, Унгарија и Австрија“, вели тренерот Александар Димитријоски.
Утре Пролетер ги испраќа своите двајца претставници Велески и Стојаноски на Европското првенство до 23 години во Телавив- Израел, со тренерот Димитријоски.
Ipon.mk