Чедо Николовски: Државата не треба да го помага спортот, туку да се грижи за него!

Cedo Nikolovski

Федерацијата за боречки спортови на Македонија пред неколку дена донесе одлука за повторно активирање на Екипното првенство, односно лигашко натпреваривање на најдобрите клубови во нашата држава. За овие и други прашања разговаравме со претседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), Чедо Николовски.

 Што допринесе за враќање на екипниот систем, односно враќање на проверениот систем? Што ќе значи тоа за опаднатиот квалитет на македонското борење? Може ли да се вратиме на старите патеки?

-Мислам дека од 90-тите години на минатиот век почна да паѓа квалитетот на нашето борење. Најголемите проблеми произлегоа од укинувањето на платените тренери. Клубовите мора сами да ги плаќаат тренерите, салите за тренирање, општините престанаа да ги финасираат. Порано, и јавните претпријатија ги финасираа клубовите. Ова важи за сите спортови. Клубовите добиваа пари од државата. За да биде во системот на натпреварување на еден клуб му се потребни 3.000 евра, а многу од клубовите немаат никакви средства.

Порано, Агенцијата за млади и спорт дотираше пари, но, откако ги укинаа дотациите престана натпреварувањето во Лигата. Клубовите плаќаа котизација, додека сега, или не плаќаат или ФСБМ им ја плаќа.

Само парите се причината за квалитетно борење и за постоењето на лигата, вели претседателот на ФСБМ, Чедо Николовски.

Cedo reprez jugЗарем не правите напори борењето да се афирмира што повеќе, посебно со воведувањето на новите парвила станува доста атрактивен спорт, па на тој начин дадојдете до поголеми средства, односно спонзори и заинтересирани фирми да вложуваат во нашиот најтрофеен олимписки спорт?

-Правиме пресови и други работни ангажамани. За жал, тие како да не се интересни за медиумите. И, ако известуваат, тоа го прават со по еден ред. Се разбира, има и чесни исклучоци.

Сепак, тоа сигурно не е единствената причина за падот на борењето?

-Една од најголемите причини е што ни го земаа СРЦ „Кале“(салата за борење), каде што тренираа Вардар и Работнички, но и репрезентацијата. Сега немаме спортски центар.

Каде го гледате излезот од оваа ситуација?

 -Занчи, бараме центар за боречките спортови. Од друга страна, државата не треба да го помага спортот, туку да се грижи за него. Клубовите бесплатно да ги користат салите.

Беше објавено дека Македонија на Европските игри во Баку, Азербејџан, има добиено 3 места за борачи во слободен стил и 1 во грчко-римски стил. Пред некој ден, по седницата на Управниот одбор на ФСБМ, излезе информацијата дека нашата репрезентација може да настапи на Игрите во полн состав. Што се случи во меѓувреме?

-По разговорот со претседателот на ЦЕЛА, Цено Ценов, ни рекоа на ЕИ да отпатуваме во полн состав. Чекаме сето тоа да се официјализира.

Група од борачи беа пратени на подготовки во Русија и Бугарија, а е ангажиран и украинскиот тренер Николај Корнеев да држи семинари и обука на наши тренери. Од друга страна, пак, од група борачи, ветерани, сте критикувани за овие мерки и дека тие не носат прогрес, а дека вистинските боречки работници се надвор од борењето. Доста критики изнесуваат и на сегашното раководство на чело со Вас и Трајче Димков.

Што добива борењето од мерките што ги преземате? И,што мислите за оваа група, која вели дека регистрирала здружение на борачи ветерани за спас на македонското борење?

-На краток рок многу малку, на долг рок многу. Соработката со ЦЕЛА, Обединетото светско борење (ОСБ), како и потпишаните договори за соработка со Канада, Турција, Шпанија и Грција даваат надеж за враќање на квалитетното борење во нашата земја. А, сето тоа го издејствувавме јас, Трајче Димков, Бетим Вранези, со огромна поддршка на Македонскиот олимписки комитет (МОК). Овие работи се прават дадобиеме наш олимпиец, Македонец. Во моментот има 4-5 кавлитетни борачи и двајца Руси со македонски пасош.

Нема ниту еден македонски борач во топ 20 борачите во светот, во ниту една категорија?

-Македонското борење заостанува зад светското борење. Порано имаше само еден натпреварувач од СССР, додека сега има седум, како последица на распаѓењето на СССР, и уште 16 до 17 натурализирани Руси. Потоа, во многу држави немаше квалитетно борење, како во Индија, Бразил, Куба, Шпанија, Грција, Кипар, Порторико.

Системот е основата за квалитетно борење. Треба да се обезбедат пари за клубовите и во салите да се тренира без надоместок.

Cedo Mok

Не ми одговоривте на прашањето за обвинувањата од страна на боирачите ветерани.

-Нека фрлат една бомба. Нека кажат што нудат, за да најдеме излез. Кога дојдовме во ФСБМ, таа беше должна 60 илјади евра. Работевме со блокирана сметка и, пак, отидовме на сите меѓународни првенства. Тоа беше наследена ситуација. Не обвинувам никого, затоа што морале да одат на натпреварувања, а пото договорените средства спонзорите не им ги уплаќале на сметката на ФСБМ.

Остана не одговорено прашањето и за „сомнителниот“ квалитет на Корнеев. И, како да оспособиме тренерски кадар што ќе извади на површина квалитетни борачи?

-Ние, ФСБМ, со МОК, шест години бараме тренер со лиценца што ќе го пратиме на обука во странство. Досега, никој не се пријавил. Морам да нагласам дека Димков го вложува целиот свој авторитет за да помогне на борењето. Од друга страна, ги прашувам тренерите кои добија награди за освоените медали на Мурат Рамазанов од Агенцијата за млади и спорт, кои, патем, не тренираа во Македонија, зашто не ги  оставија парите во Федерацијата за развој на овој спорт.

Какви резултати може да очекуваме од нашите борачи годинава?

-Ни се надеваме на најдоброто. Не очекуваат настапите на силните турнири  „Дан Колов“ во Бугарија и „Јашар Догу“ во Турција, на Европските игри, а ако некој оствари добар резултат ќе оди и на Светското првенство во Лас Вегас, САД.

Каков е квалитетот на борачите во кадетска и јуниорска конкуренција, кои треба да се иднината на македонското борење?

-До 19 и 23 години  имаме квалитетни борачи. Тоа се: Елмедин Сејфулау (Лирија), Бехар Махмути и Мемет Мустафа (Тефејуз), Ѓорги и Фиданчо Јованови (Бучи,-Радовиш), Стефан Николов и Михаил Николов (Балканец), Иван Јанев (Спартак-Бучим).

Има борачи кои настапуваат во странство. Дали ги следите нив и дали се кандидати за репрезентацијата?

-Секој што сака да биде во репрезентацијата, мора да настапи на Изборното првенство. Ако освои прво место, го обезбедува местото во нациналниот тим.

Има промена на правилата. Дали се запознаени тренерите и борачите со новите правила?

-Нема големи промени, само е поместена границата за младинци, наместо 20 години сега крајната граница е 23 години. И се направија олимписки и неолимписки категории. Можам да кажам дека борењето сега е многу поатрактивно.

ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON