Идризи најдобар и во борби и во кати во Хрватска!

forca vo hr

Доцна попладнево продолжи успешниот настап на каратистите од Македонија меѓународниот турнир „Гранд при Кроација“ во Самобор, Хрватска, а вонајдобро издание се претстави Абдурахим Идризи од КК Форца од Скопје кои освои две први места. Идризи во конкуренција на помлади кадети во категоријата до 45 килограми во борби, но и во кати не дозволи изненадување и со сигурност ги освои златните медали.

Според зборовите на организаторот, предходно само еден натпреварувач успеал да освои 4 титули по ред за 4 години, а после овој турнир Идризи влезе во историјата на овој престижен турнир освојувејќи 5 титули за 4 години.

forca so idrizi

Во кати, помлади ученици, прво место освои Сухејб Весели од Форца, а кај помладите ученички Арта Буши од Форца и Марија Бунтеска од Фунакоши Гичин се пласираа на третото место. Кристијан Бајовски беше најдобар кај учениците, а Петар Аврамов го освои третото место.

Кај учениците, во борби, Роберто Здравковски (-34 кг) од Партизан/Фунакоши Гичин е трет, а Зуберј Бајрами (-38 кг) од Форца е втор.

roberto partizan

Семир Ќосовиќ (+84 кг) од Металург, во јуниорска конкуренција до 21 година, го освои бронзениот медал.

Во претпладневниот дел од програмата на турнирот ката тимот на карате клубот Фунакоши Гичин го освои првото место кај помладите кадети. Исто така и ката тимот (ученици) го освои злкатниот медал, додека ученичките мораа да се задоволат со сребрен медал.

semir kosovic

Кај помладите кадети второто место му припадна на ката тимот на Урбан Инвест од Кавадарци, додека помладите кадетки се трети.

Во повозрасните категории највреден резултат оставри Моника Пендаровска од Макпетрол, која во јуниорска кокнкуренција во категоријата до 53 килограми го освои сребрениот медал. Пенадровска во финалето загуби од репрезентативката на Италија, Франческа Каваларо. Италија на Гранд при Кроација настапува како репрезентација, така што успехот на Пендаровска добива уште повеќе на тежина.

makpetrol na kroacija

Вчера каратистите на Макпетрол и Металург освоија пет медали во борби. Петар Заборски во категоријата до 76 килограми за јуниори до 21 година го освои второто место во исклучително квалитетна конкуренција. Во оваа возрасна категорија Горан Николовски (-60 кг) од Металург, Игор Таневски (-67 кг) и Сара Радичевска (-50 кг) од Макпетрол освоија бронзени медали.

Со бронзен медал во кадетска конкуренција во категоријата до 47 килограми се зкаити и Драгана Манговска од Металург.

На турнирот во Самобор учестуваат 1700 каратисти од 206 клубови од 23 држави, што е апсолутен рекорд на Гранд при Кроација. Повеќе земји се претсавени на ниво на репрезентации.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON