Успех на самбо репрезентацијата на Македонија, на Европското првенство во „кураш“ во Каликратија, Грција, осови 3 бронзени медали.
Бронзени медали освоија: Сали Салхи (73 кг), Мухамед Исени (81 кг) и Машовиќ Бајро (+100 кг).
„На Европското првенство учествуваа 13 земји. Ова е голем успех за нашата екипа. Со оваа првенство се комплетира годинашнава програма на Федерацијата за 2014 година. Во 2015 година самбото за прв пат ќе се најде на Европските игри во Баку, Азербејџан“, истакна Ердал Факиќ од Самбо федерацијата на Македонија.
ipon.mk/В.Д.