Вечерва карате репрезентацијата за кадети, јуниори и јуниори до 21 година на Балканското првенство во Сараево, Босна и Херцеговина. На шампионатот патуваат медалистите од Државното првенство на Македонија за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, кој ќе биде филтер за репрезентацијата за Европското првенство во Софија во февруари идната година.
Последен филтер за место во репрезентацијата ќе биде Кроација опен во Хрватска.
Во Сараево ќе патуваат Петар Спасеновски, Семир Ќосовиќ, Петар Зборски, Мартин Ристовски, Димитар Илиевски, Давид Петков, Ангела Мојсовска, Сара Крстевска, Моника Пендаровска, Вероника Костовска, Симона Симовска, Ферри Исиќ, Азра Цури, Абдурахман Идризи, Маријана и Мишела Димоски, Киријана Камческа, ката тимовите мажи и жени, и екипите во борби итн.
Имаме адути за медали и веруваме дека ќе се потврди минатогодишниот успех
Минатата година на Балканското во Дубровник медали освоија повеќе каратисти кои и годинава ќе се натпреваруваат.
Еве ги медалистите.
Азиз Исмаил (-75 кг, У-21) е балкански шампион, кој во финалето го совлада Блодин Пакаштица (Косово) со 1-0.
Јуниорскиот ката тим на Македонија е балкански шампион. Маријана и Мишела Димоски и Кирјана Камческаја во финалето ја совладаа репрезентацијата на Србија 0-0. Претходно беа подобри од репрезентативниот состав на Босна и Херцеговина.
Маријана и Мишела Димокси си ги поделија медалите во кати за јуниорки во поединечна конкуренција. Маријана е блакански шампион, а Мишела вицешампион.
Сребрени медали освоија Мартин Стојменов (-60, У-21), Семир Ќосовиќ (+84, У-21) и Шкалјим Рамадани (јуниори).
Ферри Исиќ кати за јуниори до 21 година ги освои бронзениот медал.
Бојана Манева (-61 кг) е трета во У-21.
Моника Пендаровска (-54 кг) во јуниорска конкуренција го освои сребрениот медал, како и нејзината клупска другарка Ангела Мојсовска (-59 кг).
Верона Ајдини (-47 кг) го освои сребрениот медал во кадетска конкуренција, додека Гафури Вјолца (-54 кг) е трета.
Драгана Манговска (-48 кг) во јуниорска конкуренција го освои сребрениот медал. Христина Ристиќ гоосвои бронзениот, како и Симона Симовска.
Кадетската екипа на Македонија (Цветковска, Гафури, Марина, Симовска) во борби е трета на Балканот.
Машкиот јуниорски ката тим го освои бронзениот медал.
Јуниорите до 21 година во борби во финалето са поразени од Хрватска со 4-0, а беа подобри од Србија во полуфиналето. Нашата репрезентација настапи со: Исмаил, Ќосовиќ, Стојменов, Илевски, Крстевски, Мехмед и Заборски).
Јуниорската репрезентација во борби е поразена во финалето од Турција со 2-1. До финалето славеа над Црна Гора 3-2 и над Бугарија со 1-0.За јуниорскиот состав настапуваа: Јањиќ, Костовска, Мојсовска и Пендаровска.
Исто така и јуниорите се бореа за златниот медал, но беа поразени од Србија со 11-6. Претходно извојувавме две победи од 3-0 против Хрватска и Романија. Апостоловски, Јакимов, Јалји, Кузмановски, Османи, Спасеновски и Станоев настапува за јуниорскиот тим.
Македонската репрезентација во борби екипно (кадети-мажи) го освои третото место на Балканскиот шампионат во Дубровник, во борбата за бронзениот медал за совладаа екипата на Бугарија.
Ipon.mk/В.Д.