25 години Хва ранг ИТФ: Роденденски поклон – нова сала (ФОТО)

Во петокот (25 август) во Домот на културата во Лескоец – Охрид, се одржа голема прослава по повод роденденот на Таеквондо клубот Хва Ранг ИТФ со отворање на нова сала.

На свечената прослава која помина во одлично светло беа презентирани вештините кои младите таеквондисти ги научиле во текот на тренажниот процес во клубот.

Посетителите имаа можност да видат атрактивни техники кои за прв пат беа демонстрирани во Македонија, кршење на штици со најтарактивни удари во скок. Домаќините се погрижија прославата да биде што побогата , така што имаше презентација на видоематерјал со слики и снимки за сите овие 25 години, а воедно беа изложени и нивните освоени медали и пехари, кои беа во огромен број.

Хва Ранг ИТФ континуирано постигнува големи резултати на меѓународните натпревари и во својата колекција има голем број на освоени медали и признанија.

„Горди сме што имаме ваков тим кој континуирано постигнува успеси. Се надевам дека со отворањето на новата сала, каде што ќе имаме и подобри услови за работа, ќе ја кренеме летвичката на повисоко ниво и во иднина ќе носиме уште поголеми успеси за клубот и државата. Од мое име, а и од името на клубот, упатувам голема благодарност до нашиот генерален покровител ПН Метал кој е најзаслужен за нашите успеси“, изјави првиот човек на клубот Хва Ранг ИТФ, Марјанчо Лазаревски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON