Жоао Виктор Пења (23) го загуби животот откако доживеа нокаут за време на нелегален настан во Сеара, Бразил.
По битката, Жоао бил однесен во болницата Санта Каса во Собрал, каде што останал до неговата смрт. Учествува на турнирот наречен „УФЦ Јери“ кој се одржал во саботата на 7 октомври на јавно спортски терен во градот.
Боксерскиот меч во кој учествуваше Пења беше првиот што се одржа за време на настанот. При борбата со друг учесник добива удар во главата, од кој моментално се онесвестува.
Според очевидци, на младиот човек му била укажана лекарска помош на лице место. Болницата објави соопштение во кое се вели дека по прегледот на пациентот му била констатирана мозочна смрт проследена со застој на циркулацијата.
Настанот објави порака со сочувство на социјалните мрежи, во знак на жалост за смртта на Виктор. Почивај во мир!!!
🎥 Jovem morre após nocaute em competição amadora de MMA em Jericoacoara @meionorte https://t.co/vySBH4duEl pic.twitter.com/9x0nzlGUuT
— Meio News (@portalmeionews) October 12, 2023