Откако Адем Камбери во категоријата до 74 килограми загуби со 9-0 од Даниел Рејес од Никарагва, на Светското првенство во Самбо во Јапонија, вториот наш натпреварувач Бајро Машовиќ во +100 килограми го сирши малерот и во првото коло забележа и првата победа за Македонија на СП. Тој на поени го совлада Јасер Ахмед од Јемен, но во осминафиналето загуби од Германецот Бјорн Бакман со технички поени.
Водачот на експедицијата, Славчо Тодоов, истакнува дека ова е дебитантски настап на едно светско натпреварување и дека може да бидеме задоволни од оствареното. Следен настан е во декември на Балканското првенство во Истанбул.