100 милиони долари за Мејведер за меч со Пакијао

pakijao mejveder soocuvanje

Светскиот првак во велтер категорија, Мани Пакијао по триумфот над Крис Алгери по враќањето дома изјави дека постои голема веројатност следната година да се соочи со Американецот, Флојд Мејведер.

Наградниот фонд ќе изнесува 180 милиони долари, од кои 80 му припаднат на Пакијао, а на Мејведер 100 милиони..

Тренерот на Пакијао, Фреди Роуч во изјава за британските медиуми рече дека во тимот се подготвени да прифатат уште еден услов што го бара Мејведер, а се со цел следната година да следиме еден атрактивен дуел.

„Мејведер бара клаузула во договорот според кој доколку го загуби мечот со Мани да му се гарантира реванш. Ние немаме ништо против тоа бидејќи сме сигурни дека Мани ќе победи и во двете соочувања“, рече Роуч.

Пакјао при пристигнувањето на Филипините рече дека конечно е дојдено време за меч со Мејведер и дека тоа ќе се случи следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО