Околу 200 борци ќе настапат на Меѓународниот џиу џицу турнир „Скопје опен 2017“ од девет држави.
Македонија ќе настапи со 70 натпреварувачи, а ќе учествуваат и Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора, Словенија, Маурициус, Турција, Република Српска и Босна и Херцеговина.
Борбите ќе се одвиваат на две борилишта со 14 судии, од кои 4 се од Македонија, 2 за не ваза и 2 за борби.
Турнирот е во салата „Македонско сонце“ (ОУ „11 Октомври“) во населбата Пролет во Скопје и почнува во 10 часот.
Ipon.mk