Бремен: Трнлив е патот на кумите тимот-Шпанија, па Турција

Денеска почнува Светското сениорско првенство во карате во Бремен, Германија, кое ќе трае до 9 ноември. Се очекува настап на околу 1000 каратисти од сите краишта на земјината топка, при што 8 актуелни шампиони ќе ги бранат титулите.

2014-10-18 17.42.01

Македонската репрезентација е со големи амбиции на СП, затоа што во нашиот состав се актуелниот европски првак Емил Павлов, победниците Карате 1 Премиер лигата Берат Јакупи и Жарко Арсовски и освојувачите на медали од Балканското првенство Тодор Ристески, Иво Цветковски, Симона Заборска, а и машкиот кумите тим, како и ката тимот во женска конкуренција.

Жребот на некој од нашите натпреварувачи им беше наклонет.

Еве ги противниците на нашите репрезентативци:

-55 кг Симона Заборска – Стела Уранго (Колумбија)

-68 кг Моника Стефановска – Камила Варда (Полска)

Ката тим Македонија – Данска

Ката поединечно Пуликсенија Јовановска – Ноанг Нган Нгујен (Виетнам)

-60 кг Халед Исмаил (Јордан) – Емил Павлов

-67 кг Тодор Ристески во 2.коло го чека противникот од Пинзас (Аргеентина)-Сантана (Чиле)

-75 кг Јоханес –Гаути Отерсон (Исланд) – Иво Цветковски – 2.коло

-84 кг Марк Макулеј (Шкотска) – Берат Јакупи

Борби екипно Македонија – Шпанија, во 2.коло ги чека Турција

Ipon.mk/ В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON