16 медали за каратистите од Македонија и Јошитака на Светското шотокан првенство во Софија

На 15.Светско шотокан првенство во Софија, Бугарија, македонските каратисти освоија 16 медали – 3 златни, 4 сребрени и 9 бронзени. Всушност, Македонија ја претставува ШКК Јошитака.
Медалите ги освоија
Бојан Трајкоски, 7-8 години ката индивидуално, сребрен медал
Стефан Митевски, 8-9 години ката индивидуално, сребрен медал
Борјан Маркоски, 8-9 години ката индивидуално, бронзен медал
Огнен Ѓорѓевиќ, 8-9 години ката индивидуално, бронзен медал
Екипата во состав: Бојан Трајкоски, Огнен Ѓорѓевиќ и Стефан Митевски, во ката екипно – златен медал.
Виктор Јовановски, 10-11 години ката индивидуално, сребрен медал
Јоана Георгиевска, 10-11 години ката индивидуално, бронзен медал
Ведран Ѓорѓевиќ, 12-13 години, ката индивидуално, сребрен медал
Софија Цивкароски, 12-13 години, ката индивидуално, бронзен медал
Симона Трајкоска, ветеранки 35-44 години, ката индивидуално, златен медал
Милица Кипријановска, 12-13 ката индивидуално, бронзен медал
Дамјан Стојановски, 12-13 години, ката индивидуално, бронзен медал

Соња Апостолова, кадети ката, бронзен медал од КК Гевгелија 75
Кирил Младеновски, кадети ката, бронзен медал
Бојана Денковска, јуниори ката, бронзен медал
Сениори ката жени (Јована Стојковска, Николина Смилевска Милорадовска и Ања Ангеловска) златен медал



