АктуелноМеѓународна сценаММА

Алекс Переира се врати во вулканизерската работилница: Анкалаев беше во право! (ВИДЕО)

Пред да стане шампион на УФЦ во две категории Алекс Переира работеше во вулканизреска работилница во Бразил.

Магомед Анкалаев беше толку уверен дека ќе го победи Переира во реваншот на УФЦ 320 – откако веќе го победи на поени на УФЦ 313 во март – по што се заколна дека ќе ја заврши кариерата на Бразилецот и ќе го врати во живот на менување гуми.

„Ќе те успијам и повторно ќе работиш во вулканизерска работилница“, напиша Анкалаев на социјалните медиуми пред УФЦ 320.

Но, не испдана баш така. Переира технички го нокаутира Анкалаев во првата рунда од нивната борба минатиот викенд. За време на соочувањето пред борбата Переира му рече на Анкалаев дека никогаш нема да се врати во тој живот, туку дека ќе оди во работиницата за да се потсети од каде доаѓа.

„Сакав да преземам дел од одговорноста врз себе, бидејќи го кажав тоа неколку пати кога луѓето ме прашаа како станав личноста што сум денес“, објасни Переира на прес-конференцијата по УФЦ 320.

„Реков: „Немав план Б. Морав да се борам“. И реков дека не сакам да се вратам во вулканизерската работилница. Па му ја повторив истата реченица, за да се потсетам дека не сакам да се вратам.

Но, одам во Бразил и ќе се вратам во таа вулканизерска работилница, со овој појас во рака“.

И токму тоа се случи, Переира ја посети вулканизерската работилница со шампионскиот појас на рамо и го рече следново:

„Здраво на сите, како што ветив, по борбата реков дека ќе се вратам во вулканизерската работилница. Анкалаев беше во право, денес сум тука. Секој пат кога сум во Бразил, доаѓам тука, ова е место кое има прекрасна приказна. Чама“!

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON