15 медали во А-класа за македонските таеквондо клубови на „Милениум опен“!

Makedonski tekvondisti vo Vrsac

Македонските таеквондо клубови под покровителство на Таеквондо ферацијата на Македонија настапија на Меѓународниот турнир „Милениум опен“ во Вршац, Србија, и освоија 19 медали, од кои 15 се во А-класа, и тоа: 2 златни, 3 сребрени и 10 бронзени. Во Б-класа освија пет медали, 3 златни и 2 бронзени. Dejan Georgeivski na Milenium

Златени медали освоија Дејан Георгиевски во јуниорска конкуренција во апсолутна категорија. Ова е втор залтен медал за Георгиевски од силен меѓународен турнир, претходно на „Софија опен 2015“. Вториот златен медал го освои Ненад Мрчковски (-49 кг) во кадетска конкуренција. Додека екипата на ТКД Бутел во екипна конкуренција во јуниори го освои третото место.

На „Милениум опен“ настапија македонските клубови: Борец, Илинден 2014, Бутел, Тигри, Гоце Делчев, Кобра…

На турнирот насатпија околу 500 натпреварувачи од Србија, Црна Гора, Македонија, Словенија, Бугарија и Босна и Херцеговина.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON