Пелистерски јунак и Универзалци утре во Штип одлучуваат за шампион во Првата бокс лига

Утре во Штип се одржува последното 6. коло во Првата и Младинска бокс лига каде што ќе се добијат шампионите на Македонија за 2024 година

Шестото коло ќе се одржи во спортската сала „Тошо Арсов“ со почеток во 13 часот, а технички организатор е БК Пинк пантер тим од Штип.

Големата неизвесност е во сениорска конкуренција бидејќи разликата меѓи водечкиот Пелистерски јунак со 34 бода и второпласираната екипа на Универзалци е 2 бода, односно скопјани имаат 32.

Во Младинската лига Фамилија Демирови е на врвот со 61 бод, а Пелистерски јунак му се доближи со 52, додека Пинк пантер е на третото место со 29 и, всушност, домаќините ќе се борат да ја зачуваат третата позиција, но со големи мотиви за догодина.

Јове Петровски, првиот човек на Пелистерски јунак, по успехот на неговите боксери на Балканското првенство во Лозница, Србија, каде што освоија два златни и еден сребрен медал, доаѓа мотивиран да ја освои и титулата.

„Подготвени сме да дадеме се од себе и да ја освоиме титулата. Доаѓаме со најдобриот состав, за да направиме увертира пред Државното првенство кое ќе се одржи во Битола на 21 и 22 декември и заедно со верната публика да ги прославиме успесите. Титулата се сели во Битола“, порача најуспешниот тренер оваа година во македонскиот бокс Јове Петровски – Оцо.

Минагодишниот шампион Универзалци не се предаваат и велат дека ќе атакуваат на втора титула.

„Имаме визија, имаме шанси и имаме цел, иако цела сезона сме без капитенот Илхан Озмен и неговиот брат Ајхан Озмен поради тоа што мораа да отслужат воен рок во Германија. Ќе се бориме до последниот атом на сила кој го имаме. Да беа и они во тимот уште во третото коло ќе беше решена титулата во наша полза. Имаме подмладен тим, но немаме никаков притисок и ќе дадеме се од себе да го земеме првото место во Првата лига“, истакнува тренерот на Универзалци Васко Цубалевски.

Како што претходно истакнавме Фамилија Демирови се без конкуренција и едноставно само треба да се појават на рингот.

„Пред домашната публика очекувам трофејот да остане во рацете на штипјани. Со среќа на сите љубители на боксот и респект за сите натпреварувачи и тренери“, вели Тархан Демиров, тренер на Фамилија Демирови.

Од друга страна, домаќинот Пинк пантер под водство на селекторот Петар Чурлиновски се наметна како сериозен фактор во Младинската лига, и утре ќе се бори да го зачува третото место, а догодина да атакува и на врвот.

„Боксерите на Пинк пантер се подготвени и ќе настапат со седум боксери во младинска конкуренција. Тие се подготвени да го задржат третото место. Со оваа млада генeрaција ќе стигнеме до третото место. Имајќи почит и респект спрема Фамилија Демирови и Пелистерски јунак кои се на првото и второто место. Ова ќе биде нивна промоција, зашто им бегаат на другите екипи“, нагласува Чурлиновски и додава:

„Ова е голем успех за Пинк пантер со моето доаѓање како прв тренер во клубот. Во Балкан опен купот ќе имавме поголем успех, но поради неускладените термини со календарот на нашата Бокс федерација, не отидовме во Нови Пазар, а и утре нема да бидеме присутни во Шабац. Можевме и повеќе и да бидеме повисоко пласирани од четвртото место.

Сепак, имаме млада наджена генерација која нема да се задоволи со третото. Догодина доаѓа и нова генерација боксери, така што ќе јуришаме на повисока позиција“,

Табела

Прва бокс лига 5.коло

1.Пелистерски јунак   34
2.Универзалци            32
3.Шкендија но лимит  20
4.Шкупи                     22
5.Алексо Огненовски  18
6.Ас                           16
7.Штип                       13
8.Аперкат                   10
9.Синди                       7
10.Јордан Мијалков      6
11-12.Илинден             5
11-12.10/60                 5
13-14-15.Ф. Демирови  4
13-14-15.Нокаут          4
14-15.Фајтер Илери     4
16.Чаир                      3
17-18.Куманово 84      2
17-18.Пинк пантер      2

Табела

Младинска лига 5.коло

1.Фамилија Демирови 73
2.Пеилистерски јунак 61
3.Пинк пантер тим      40
4.Алексо Огненовски  31
5.Шкендија но лимит  28
6.Ас                           21
7.Куманово 84           16
8.Штип                      14
9.Шкупи                    10
10.10/60                     6
11.Фајтер-Илери         5
12.Борец                     1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО