14 медали за македонските вушу санда и винг чун натпреварувачи во Нови Бечеј (ФОТО)

Вушу снада и винг чун натпреварувачите од Македонија на Меѓународниот турнир во Нови Бечеј, Србија, освоија 14 медали од кои 6 златни, 4 сребрени и 4 бронзени. Андонов Марко и Карпузовски Алексеј се најуспешни во нашиот состав, бидејќи освоија по три медали во три разчични дисциплини. Андонов се закити со три злата, а Карпузовски злато и две сребра.

Вушу санда резултати…

Пандев Драган – злато – Тим Зоран
Пандев Бранко – злато- Тим зоран
Делиевски Славе – бронза – Тим зоран
Делиавске Александар – бронза – Тим зоран
Мицевски Филип – бронза – Тим зоран
Ѓоргиев Слободанчо – сребро – Лидер
Карпузовски Алексеј – сребро – Дантиан
Андонов Марко – злато – Дантиан
Гацевски Кристијан – сребро – Дантиан
Цветановски Бојан – бронза – Дантиан

Винг чун форми…
Карпузовски Алексеј – злато – Дантиан
Андонов Марко – злато – Дантиан

Винг чун борби…
Карпузовски Алексеј – сребро – Дантиан
Андонов Марко – злато – Дантиан

Покрај турнирот се одржа и санда – кинески кик боксинг тренинг под водсдво на тренерот на турската санда репрезентација, како и за санда-судии. Горан Андонов, Александар Карпузовски, Емил Николовски, Зоран Спасов и Ѓоре Костовски добија лиценци за судење.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО