ММА борец преживеа пад од 10 кат

Рускиот борец Магомед Зајналов се наоѓа во критична состојба откако паднал од 10 кат на една зграда, а засега не се откриваат повеќе детали во јавност бидејќи полицијата работи на случајот.

Заиналов при паднат ги скршил двете нозе и карлицата, а организацијата каде што настапува, вети дека ќе ги покрие трошоците за операцијата.

Неговиот следен ривал, Едуард Кузминов кажа дека се моли Зајналов да се спаси и да излезе од болница.

„Требаше да се бориме на 2 февруари. Се молам да биде добро по инцидентот кој му се случи“, кажа Кузминов.

Магомед Зајналов има 24 години. Во мешани боречки вештини има четири победи, 10 порази и едно реми. Борбата со Кузминов требаше да се случи на 2 февруари.

„24-годишниот спортист се лизна на тесен балкон и падна на улица од 10-ти кат. Буквално само што се освести“, напиша Шот.

Забележано е дека ММА борецот паднал од прозорецот околу 21 часот по локално време. Ова се случува во Ростов на Дон. Неговата сопруга рече дека тој паднал додека се обидувал да спаси мачка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО