На Светската младинска карате лига во Венеција, Италија, од 7 до 10 декември нашиот најтрофеен Карате клуб Макпетрол ќе настапи со пет каратисти.
За Италија отпатуваа следните спортисти: Витомир Трајковски (-84 кг), Данило Божовиќ (+84 кг), Стефан Стојановиќ (+84 кг), Димитар Лозановски (- 67 кг) и Јована Мицовска (-61 кг ).
Сите натпреварувачи ќе настапат во највозрасната младинска категорија помлади сениори (У21), во дисциплината борби. Конкуренцијата е најбројна до сега затоа што се пријавени 4133 спортисти од 81 држава.
Тимот на Макпетрол, ќе го предводи тренерот на Петар Заборски.
„Во тимот се двајца најдобри млади спортисти на Македонија Витомир Трајковски и Стафан Стојановиќ и очекуваме тие да имаат добар и забележителен настап. Се надеваме на добро преставување и подобрување на ранг-листата за нашите спортисти од учеството на овој турнир, кој е последен од серијата турнири за Светската младинска лига, не известија од “Макпетрол”