Мечот за обединување на светски титули во средна категорија меѓу Канело и Даниел Џејкобс само во Мексико го гледале повеќе од 30 милиони луѓе, односно една четвртина од населението на оваа земја.
За група навивачи на Канело на коии се оствари сонот да го гледаат нивниот херој во акција во живо во Лас Вегас, враќањето дома заврши трагично.
Приватен авион со тринаесет патници се урна во неделата вечерта и немаше преживеани.
Авионот требаше да слета во Монтереј, но никогаш не стигна, бидејќи се урна 700 милји северно во Окампо во државата Чивава.
Патниците беа на возраст меѓу 19 и 57 години, вклучувајќи и петчлено семејство.
Мексиканската телевизиска станица Телевиса објави дека авионот го променил курсот за да ја избегне бурата, но повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.
„Длабоко жалиме, дознавам дека се изгубени 13 животи на навивачи кои се враќале од настанот Канело – Џејкобс. Нашите фанови му давата значење на она што го правиме и благодарни сме што ги имате во нашиот агол. Во име на целио тимна Голден Бој испраќаме молитви и најдлабоко сочувство на семејства, пријателите и најблиските“, рече основачот на „Голден бој промоцијата Оскар де ла Хоја.