Изминатиов викенд џудистите на Дрим од Струга со 7 натпреварувачи настапија на Меѓународниот турнир „Трофеј на Пантерот” во Бијелина, Република Српска, БиХ, при што освоија 8 медали – 3 златни, 1 сребрен и 4 бронзени.
На турнирот настапија повеќе од 500 натпреварувачи од 11 земји.
Со медали се закитија:
Категорија У9
Мила Стојанова -34 кг златен
Категорија У11
Давид Спироски -42кг златен
Елеонора Јосифоска -34 златен
Категорија У13
Мила Стојмиловска -44кг бронзен
Елеонора Јосифоска -36кг бронзен
Категорија У15
Мила Стојмиловска -44 кг бронзен
Категорија Кадети
Анамарија Стојмиловска -48кг сребрен
Анамарија Стојмиловска -52кг бронзен
Одлични настапи имаа и Катерина Клењоска и Давид Ќосески и се пласираа на 5то место.
„Овие резултати се доказ дека ЏК Дрим Струга е несомнено еден од најуспешните спортски колективи“, велат од клубот!