Умакусум Сагитова, секретар на селската управа во Кироваул, рече дека поранешниот шампион во Ултимејт фајтинг шампионатот (УФЦ) Хабиб Нурмагомедов и неговите роднини активно помагаат да се подобри селото, кое беше преименувано по неговиот татко Абдулманап.
Пред неколку дена стана познато дека Народното собрание на Дагестан со големо мнозинство ја поддржа одлуката Кироваул да се преименува во Манапкала – во чест на почесниот руски селектор Абдулманап Нурмагомедов.
„Барања за преименување на селото беа добиени од повеќето селани, од сите инстанци, вклучително и училиштето, градинката и медицинските установи.
Добро е што сега уште повеќе луѓе ќе дознаат за нашето мало село, кое веројатно ќе стане познато низ целиот свет“, изјави Сагитова за ТАСС.
Сагитова рече и дека Хабиб и неговото опкружување ги асфалтирале патиштата во селото, ги замениле електричните жици, поставиле трансформатори и ги исчистиле каналите.
Абдулманап Нурмагомедов почина во јули 2020 година откако се зарази со коронавирус.