Македонските борачи ги добија противниците за Европското првенство за сениори во Загреб, Хрватска, кое почнува утре.
Немаме информации зошто Бесир Алили не е жребуван во категоријата до 57 килограми, бидејќи беше најавено дека ќе патува на ЕП.
За прв пат, на сениорско ЕП ќе имаме две претставнички во женско борење.
Европско првенство:
Жени
50 кг Вероника Рјабоволова
53 кг Марија Спирковска
Мажи-слободен стил
57 кг Бесир Алили
61 кг Владимир Егоров – Арман Елојан (Франција)
70 кг Фати Вејсели – Патрик Оленчин (Полска)
74 кг Расул Шапиев – Таимураз Салказанов (Словачка)
79 кг Ахмад Магомедов – Станислав Новац (Молдавија)
86 кг Дејан Митров – Борис Макоев (Словачка)
92 кг Реџеп Хајдари – Метју Фајнсилвер (Израел)
97 кг Могамедгаџи Нуров – Збињев Барановски (Полска)