На 25 март за прв пат се одржува Меѓународниот турнир „Гранд при Македонија“ на кој ќе учествуваат каратисти од 10 држави, меѓу кои има светски, европски и балкански прваци.
Турнирот ќе се одржи во спорстката сала „Јане Сандански“ во Скопје.
Пријавени се натпреварувачи од 10 држави со 653 учесници, односно 800 натпреварувачки влезови.
Најголем акцент на натпреварот се става на апсолутните категории на јуниори и кадети во коо освојувачот на првото место ќе освои 600 евра за јуниори, односно 300 евра за кадети.
Во кадети бројот на конкуренти е 41, додека во јуниори ракавиците ќе ги вкрстат 29 натпреварувачи.