Американскиот сајт Шердог, кој е посветен на спортот на мешани боречки вештини, објави листа на 10-те најголеми граплери во историјата на ММА.
Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов (29-0) го зазеде првото место во рангирањето. Очигледно луѓето во Шердог многу го почитуваат Дагестанецот бидејќи го сметаат и за најголем во историјата на лесна категорија.
Второто место на листата го зазеде Демиен Маја (28-11), а на третата позиција е Чарлс Оливеира (33-9). Еве ги 10-те најдобри граплери во историјата на ММА, според Шердог.
1.Хабиб Нурмагомедов
2.Демиен Маја
3.Чарлс Оливеира
4.Жорж Сен Пјер
5.Ронда Русеј
6.Жакар Соуза
7.Фабрицио Вердум
8.Ројс Грејси
9.Шиња Аоки
10.Деметриус Џонсон