Американската телевизија ЕСПН го претстави рејтингот на најдобрите борци без разлика на тежинската категорија (П4П).
Првата позиција, како и досега, ја делат Русинот Ислам Махачев и Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски.
Американецот Џон Џонс се врати во Топ 10 откако неодамна го победи Французинот Сирил Гане. Сега на ранг-листата на ЕСПН тој е на третото место.
Jon Jones makes an emphatic return to ESPN's P4P rankings 📈 pic.twitter.com/YPEwlzt2yh
— ESPN MMA (@espnmma) March 7, 2023
Рангирањето на ЕСПН на најдобрите борци, без разлика на категоријата:
1.Ислам Махачев
1.Александар Волкановски
3.Џон Џонс
4.Камару Усман
5.Израел Адесања
6.Чарлс Оливеира
7.Леон Едвардс
8.Брендон Морено
9.Алџамејн Стерлинг
10.Роберт Витакер